1001 ноќ (Binbir Gece)
5 posters
Лали и Еухе :: Филм :: Серии
Страна 1 of 1
1001 ноќ (Binbir Gece)
Илјада и една ноќ (турски: Binbir Gece) е турска телевизиска серија произведена од страна на ТВ каналот Канал Д од 2006 - 2009 година. Во главните улоги се Халит Ергенч, Бергузар Корел, Тарду Флордун и Сејда Дувенџи.
Серијата е уште емитувана и во Азербејџан, Кувајт, Романија, Бугарија и Македонија каде што е синхронизирана на македонски јазик , а се прикажува на А1 Телевизија.
[уреди] Приказна
Разоткривачко предупредување: Следат подробности кои го разоткриваат дејствието и/или расплетот.
Во серијата се зборува за Шехерезад Евлијаоглу која е талентиран архитект која работи во голема компанија за конструкции во сопственост на Онур Аксал и Керем Инцеоглу. Таа е мајка на младо момче кое страда од леукемија и му е потребна итна и многу скапа операција. Онур Аксал е успешен бизнисмен. Тој имал лошо искуство со жените и затоа ги мрази. Откако ја запознава Шехерезад тој смета дека таа е поинаква. Благодарение на големата посветеност на работата од страна на Шехерезад, таа освојува престижна награда во архитектурата. Од друга страна, и Керем е вљубен во Шехерезад. Керем претставува најдобар пријател на Онур. Нивните заеднички интереси кон Шехерезад ќе доведат до неколку кавги меѓу нив. Поради итната ситуација на нејзиниот син, Шехерезад е приморана што е можно поскоро да најде пари за операцијата. Само нејзиниот шеф, Онур, прифаќа да и позајми пари, но цената е една ноќ со него.
После таа ноќ, Онур станува тотално заљубен во Шехерезад и не може да прекине да мисли на неа. Тој закажува и деловно патување во Дубаи, се со цел да биде сам со неа. За време на патувањето, Онур и дава повторно понуда за да спие со него, но овојпат за повеќе пари. Шехерезад ја одбива понудата и многу му се лути за тоа. Таа сфаќа дека нејзиниот шеф, Онур нема да заборави за тоа Што еднаш се случило меѓу нив и решава да побара нова работа далеку од него. Кога ќе сфати што направил, Онур длабоко се кае, и станува поприврзан за неа.
Согледувајќи дека не може да живее без неа, Онур ја бара Шехерезад за жена, а таа прифаќа. Работите стануваат покомплицирани кога мајката на Онур не ја подржува венчавката на Онур со Шехерезад, но потоа ќе се предомисли, гледајќи ја големата љубов меѓу Онур и Шехерезад.
Многу работи ќе се случат подоцна меѓу нив, како на пример бегството на Шехерезад од нејзината венчавка со Онур со еден поранешен вработен од фирмата кој ја убедил Шехерезад дека Онур не сака навистина да се жени со неа, туку тоа претставува само уште еден "валкан предлог" на Онур како тој за ноќта што ја поминале заедно. Тоа ќе ја принуди Шехерезад да го остави Онур. Шехерезад во меѓувреме ќе дознае дека Онур има ќерка од негоата поранешна девојка што исто така ќе ја искомплицира ситуацијата.
Во третата сезона, Керем ќе ја обелодени вистината дека Шехерезад и Онур спиеле заедно што ќе ги донесе до развод. На крајот од сезоната тие ќе се венчаат и ќе живеат заедно и среќно засекогаш.
Актер/Актерка- Улога
Халит Ергенч - Онур Аксал
Бергузар Корел - Шехрезад Евлијаоглу
Тарду Флордун - Керем Инџеоглу
Сејда Дувенџи - Бену Атаман
Томрис Инџер - Надиде Евлијаоглу
Мерал Четинкаја - Периде Аксал
Метин Чекмез - Бурхан Евлијаоглу
Јонџа Џевхер Јенел - Фусун Евлијаоглу
Ергун Демир - Али Кемал Евлијаоглу
Јелиз Акаја - Мелек Атаман
Ефе Чинар - Каан Евлијаоглу
Мерт Фират - Бурак Инџеоглу
Бару Кучукчаѓјалан - Гани
Мерих Ермакстар - Мерт
Џанан Ергудер - Еда
Мелехат Абасова - Михрибан
Фејзан Чапа - Букет Евлијаоглу/1 и 2 сезона
Гизем Ѓунез - Букет Евлијаоглу/3 сезона
Сенур Ногајлар - Фирденс
Ебру Ајкач - Јасемин
Севда Актолга- Нурхајат
Ајтач Јузтуна - Севал Инџеоглу
Thea*- Admin
- Број на мислења : 177
Пари$ : 15535
Репутација : 1
Join date : 2010-02-26
Age : 26
Re: 1001 ноќ (Binbir Gece)
најубавата серија што некогаш сум ја гледала
Lozanoska- Baby Junior
- Број на мислења : 78
Пари$ : 185
Репутација : 0
Join date : 2010-02-27
Re: 1001 ноќ (Binbir Gece)
редовно ги гледам но не ми е омилена серија
омилена ми е бену
омилен пар шехерезад и онур
омилена ми е бену
омилен пар шехерезад и онур
Miss Tete*- Admin
- Број на мислења : 93
Пари$ : 15179
Репутација : 0
Join date : 2010-02-26
Re: 1001 ноќ (Binbir Gece)
Супер
ЕДИТ - Јана ај пишувај на кирилица. Можно е да добиеш казна поради многу остови на латиница!
ЕДИТ - Јана ај пишувај на кирилица. Можно е да добиеш казна поради многу остови на латиница!
Jana*Suarez- Baby Junior
- Број на мислења : 76
Пари$ : 138
Репутација : 0
Join date : 2010-02-27
Age : 28
Re: 1001 ноќ (Binbir Gece)
Јана бе дај пишувај кирилица!Пола постови ти се на латиница!
БТВ ја обожавам серијава!Но жал ми е што после Бену ке роди мртво бебе и ке се препие ,а и Шехерзад ке го изгуби бебето и ке се скараат со Онур!
БТВ ја обожавам серијава!Но жал ми е што после Бену ке роди мртво бебе и ке се препие ,а и Шехерзад ке го изгуби бебето и ке се скараат со Онур!
An4i- Moderator
- Број на мислења : 157
Пари$ : 5308
Репутација : 2
Join date : 2010-02-27
Age : 26
Местолокација : Скопје
Re: 1001 ноќ (Binbir Gece)
Преубава е серијата. Секогаш ја гледам.
Thea*- Admin
- Број на мислења : 177
Пари$ : 15535
Репутација : 1
Join date : 2010-02-26
Age : 26
Лали и Еухе :: Филм :: Серии
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот