Каролина Гочева
Лали и Еухе :: Музика :: Поп
Страна 1 of 1
Каролина Гочева
Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип
со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа
настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот
талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот
Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во
наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се
избираше песна за Евровизија.
Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на
деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем
успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година
Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум
"Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед
на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров,
со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не
победи, заврши на второто место со 916 поени. Во 2000 година таа
потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум
„Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на
се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.
Во 2002 година на Македонскиот национален избор Каролина настапува со песната Од нас зависи
и победува. Меѓутоа набргу се јавува контраверзија меѓу МТВ и Каролина.
Имено Каролина има желба да ја пее песната на англиски јазик, бидејќи
според нејзиното мислење на претходните учества на Евровизија
Македонија пееше на македонски и немаше некој добар пласман. За разлика
од неа МТВ е убедена дека треба да се пее да на македонски и спремна е
ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски на Евровизија
2002 ќе настапи второ пласираната Андријана Јаневска. На
крајот,Каролина сепак прифаќа да пее на македонски.Во Талин Каролина се
пласира на 19 место недоволно за Македонија да оди во учество наредната
година. Таа година Каролина е избрана за мис Евровизија.
Во 2003 година го издава албумот „Зошто сонот има крај“. На тој албум се јавуваат повеќе композиции од кои најпознати се „Ти можеш“, „Јамајка“ како и „Кажи ми“ со која настапува на Будва Фест 2003. На овој алубм горенаведените три песни се испеани и на англиски.
Thea*- Admin
- Број на мислења : 177
Пари$ : 15535
Репутација : 1
Join date : 2010-02-26
Age : 26
Лали и Еухе :: Музика :: Поп
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот